среда, 19. септември 2018. Вести денес: 170
home Вести

Ѓорчев на политичкото собрание на ЕПП во Брисел: Состојбите во Македонија се влошуваат во многу области

Ѓорчев на политичкото собрание на ЕПП во Брисел: Состојбите во Македонија се влошуваат во многу области

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев учествува на политичкото собрание на Европската народна партија (ЕПП) во Брисел.

Ѓорчев на своето обраќање на пленарната седница нагласи:

„Состојбите во Македонија се влошуваат во многу области. Економската состојба се влошува, нема инвестиции, засилено е иселувањето на младите луѓе, политичкиот прогон е очигледен, скандалите на владата се секојдневни, а слободата на медиумите се влошува”.

 

-ВМРО-ДПМНЕ ги споделува вредностите и целите на ЕПП. Тие вредности во моментов во Македонија се погазени од владата на Заев и СДСМ. Надворешната политика на владата на СДСМ не смее и не може да биде покритие и оправдување за огромниот број на катастрофални потфрлувања на внатрешно – политички план, додаде во своето обраќање Влатко Ѓорчев.

Европската народна партија (ЕПП) е најголема политичка групација во Европа, која ги организира партиите на десниот центар.