понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 90
home Вести

Ѓорчев на форумот за безбедност во Вашингтон, средби со конгресмените Адерхолт и Хил

Ѓорчев на форумот за безбедност во Вашингтон, средби со конгресмените Адерхолт и Хил

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев учествуваше на парламентарниот форум за безбедност во Вашингтон. Главните теми на форумот се безбедноста, одбраната, НАТО сојузништвото, борбата против тероризмот, сајбер заштитата итн.

На форумот се обратија повеќе сенатори и конгресмени од САД, како и голем број на тематски експерти. Домаќин е поранешниот конгресмен Роберт Питинџер, а на конференцијата учествуваа повеќе од 100 пратеници од светот.

Ѓорчев се сретна со конгресмените Роберт Адерхолт и Френч Хил. Ѓорчев се заблагодари на конгресмените за нивниот придонес кон македонско – американските односи, додавајќи дека Македонија и САД се посветени да ја развиваат соработката меѓу двете држави.

Исто така, продолжува сојузништвото во рамките на НАТО, како и одличните билатерални односи меѓу Македонија и САД.

Коронавирус