понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 132
home Вести

Ѓорчев:Министерот за здравство нема тим, нема визија и нема унифицирани, дијагностички и тераписки критериуми за справување со корона вирусот

Ѓорчев:Министерот за здравство нема тим, нема визија и нема унифицирани, дијагностички и тераписки критериуми за справување со корона вирусот

-Знаат ли македонските граѓани дека сме први во Европа, односно дека првиот центар за астма во Европа е основан на Клиниката за пулмологија во Македонија. Понатаму, трет национален консензус во светот после американскиот и англискиот имаше Македонија. И сега од први во Европа или трети во светот во справување со респираторни болести, сега имаме ли во оваа ситуација унифицирани дијагностички и тераписки критериуми за справување со оваа болест. Оваа Комисија има само планови и тоа само неуспешни планови. Тие 78 пациенти кои починаа дома се токму резултат на тоа што немаме протоколи, немаме гајденси, немаме единствена стратегија. Зошто 200 невработени доктори седат дома. Зошто 2000 медицински сестри седат дома. Со сите мерки се доцни. А тој што е на чело, министерот за здравство треба да има тим треба да има визија, треба да ја изменаџира кризната ситуација, вели пулмоалергологот проф. д-р. Анѓелко Ѓорчев во емисијата “Што не е јасно” на Алфа телевизија.

Коронавирус