вторник, 3. август 2021. Вести денес: 171
home Вести

Ѓорчев: Македонските позиции во преговорите со Бугарија беа далеку подобри во минатото, сега сме во незавидна ситуација и трпиме порази

Ѓорчев: Македонските позиции во преговорите со Бугарија беа далеку подобри во минатото, сега сме во незавидна ситуација и трпиме порази

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Вин Вин” на ТВ Телма гостуваше поранешниот амбасадор на Република Македонија во Република Бугарија, Марјан Ѓорчев кој зборуваше за македонските позиции во преговорите со Република Бугарија, како и за односот на власта во преговорите.

Ѓорчев потенцираше дека Република Македонија долг период успевала да се држи над провокациите од страна на бугарската страна, односно преговорите се воделе само во однос на културата, образованието и развојот на двете држави, а не отворањето на историските архиви и задирањето во сензитивните теми.

Тој додава дека Република Македонија во изминатите четири години потполно капитулирала во однос на преговорите со Бугарија, а тоа значи дека во овој момент македонската страна е загрозената во овие преговори.

“Преговорите траат предолг период, не беше проблем да се пролонгираат за уште краток период, ако тоа беше период во кој што ние внатрешно како држава и политички субјекти ќе изнајдевме заеднички став со кој ќе се настапи во тие преговори. За жал оваа Влада не издржа на притисокот и го направи тоа што го направи. Историјата е ставена на маса, одредени историски ликови се веќе дискутирани и решени, а тоа значи дека Република Македонија, односно власта предводена од Зоран Заев прифатила преговори за македонската историја”, цели Ѓорчев.

-Република Бугарија се обидува суптилно и неприметно да ја притисне Македонија да ги испочитува договорените работи кои што официјално не се објавени, а се договорени помеѓу политичарите. Не се случајни зачестените средби помеѓу македонските и бугарските политичари, нивната намена е со цел, односно да се припремат народите за новитетите кои што ќе ги соопштат најверојатно до крајот на месецот, заврши Ѓорчев.

Коронавирус