среда, 30. септември 2020. Вести денес: 6
home Вести

Ѓорчев: Македонија го има најмалиот економски раст споредено со 50 европски земји

Ѓорчев: Македонија го има најмалиот економски раст споредено со 50 европски земји

На денешната собраниска седница свое обраќање имаше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев.

Тој истакна дека Македонија има катастрофални резултати во делот на економијата и дека Владата воопшто не ги исполнила ветувањата кои ги дала пред граѓаните.

„Имате економска катастрофа во моментов во Република Македонија додека се уште се викаме Република Македонија, затоа што решивте и името да го менувате. Во моментов, Македонија го има најмалиот економски раст од 50 земји во Европа без разлика дали се членки на Европската Унија или не “ – кажа Ѓорчев.

Тој истакна дека ваквата очајна состојба во економијата е резултат на поразителните економски политики на економското трио Зоран Заев, Кочо Анѓушев и Драган Тевдовски. Ѓорчев ги наброја и другите лоши одлуки кои го носи Владата, а се на товар и на економијата и на граѓаните, а тоа се покачување на даноците, немање на стратегија за привлекување на странски инвестиции и лошите кадровски решенија на главни државни ресори кои граѓаните ни имињата не им ги знаат затоа што немаат ништо сработено. Тој кажа дека нема да може пензионерите да имаат поголеми пензии додека економијата е во ваква очајна состојба, а тоа повлекува и иселување на младите луѓе кои треба да се мотор за придвижување на економијата.

Коронавирус