понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 49
home Вести

Ѓорчев: Македонија е најзагадената држава во Европа наспроти сите ветувања на СДСМ

Ѓорчев: Македонија е најзагадената држава во Европа наспроти сите ветувања на СДСМ

Со жалење можам да констатирам дека поводот по кој што тука доаѓаме и се наоѓаме е лош, поводот е непопуларен, поводот е штетен за здравјето и поводот е прилично поразителен. Вчера најголемата Европска ТВ станица „Euronews“ базирана на податоци и истражувања на мерења констатираше дека Република Македонија во оваа 2018 година за време на Владата на Зоран Заев, за време на мандатот на Петре Шилегов е најзагадената држава во Европа, посочи пратеникот Владимир Ѓорчев од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на претседавањето на Комисијата за животна средина.

Пратеникот Ѓорчев појасни дека уште еднаш констатирано е, напишано и утврдено е дека Македонија е најзагадената држава во Европа наспроти сите ветувања, наспроти сите улици кои што беа изодени низ Скопје, наспроти сите бои кои што беа фрлени, наспроти сите програми и ветувања кои што беа напишани и излажани.

Коронавирус