среда, 23. септември 2020. Вести денес: 92
home Вести

Ѓорчев ќе објави дека ќе се кандидира за претседателски кандидат на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Ѓорчев ќе објави дека ќе се кандидира за претседателски кандидат на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот Владимир Ѓорчев денеска планира јавно да објави дека ќе поднесе кандидатура до конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе се бира кандидат за претседател на државата – објави Лидер.

Во текот на денот неофицијално, Ѓорчев ќе одржи прес-конференција на која со јавноста ќе ги сподели своите намери да стане претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните претседателски избори.

Ѓорчев долги години е активен на политичката сцена, има огромно политичко искуство. Сепак и покрај континутетот на политичката сцена, позади себе, пратеникот нема ниту еден скандал. Важи за чесен човек, принципиелен, доследен и семеен човек.

Неговата политичка кариера е исполнета со низа на успеси, бројките велат тој ги освојуваше најголемите победи во парламентарната историја на независна Македонија, последните 28 години.

Ужива голема меѓународна репутација и веќе подолго време важи за политичар од ВМРО-ДПМНЕ со силни контакти и отворени врати во Брисел, Вашингтон, Берлин и Лондон. Во последните неколку месеци Ѓорчев постојано е на терен помеѓу граѓаните.

Оженет е со сопругата Сузана, со која живеат во Скопје и имаат 4 деца, Марта, Филип, Никола и Катерина.

Ѓорчев годинава ќе наполни 41 година.

Коронавирус