петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 65
home Вести

Ѓорчев и Милошоски ги покажаа семејствата, се пофалија со децата

Ѓорчев и Милошоски ги покажаа семејствата, се пофалија со децата

Антонио Милошоски и Влатко Ѓорчев се дружат и приватно не само како припадници на ВМРО-ДПМНЕ. Така беше и денеска кога и двајцата  на фејсбук објавија заедничка фотографија од семјното дружење.

Тие се пофалија со своите многудетни семејства.

„Една слика, илјада зборови. И, осум деца“, напиша Ѓорчев.

„Сончев ден за игри и дружба на Марта, Давид, Филип, Никола, Дариа, Катерина, Михаела и Илина“, напиша коментар на фотографијата Милошоски.

И двајцата имаат по 4 деца. Ѓорчев со сопругата Сузана има 4 деца, а Милошоски од првиот брак има едно дете ,а од вториот три деца.

 

Коронавирус