петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 186
home Вести

Ѓорчев и Мицевски во Берлин- средби во Бундестагот, МНР, ЦДУ и Конрад Аденауер

Ѓорчев и Мицевски во Берлин- средби во Бундестагот, МНР, ЦДУ и Конрад Аденауер

Пратеникот Влатко Ѓорчев и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски се дел од втората Интерпарламентарна иницијатива за соработка со Западен Балкан (IPCI WB) која се одржува денеска и утре во Берлин.

Конференцијата се одржува со цел да се дискутира, да се анализираат и да дадат препораки за унапредување на улогата на парламентите во процесот на интеграција во ЕУ и Берлинскиот процес како и за регионална соработка.

Вкупно, повеќе од 20 учесници од Западен Балкан и Австрија ќе земат учество во иницијациите.

Покрај тоа, повеќе од 10 членови на парламентарната група на ЦДУ од германскиот парламент, се приклучија на дискусиите.

Коронавирус