понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 104
home Вести

Ѓорчев: Граѓаните гледаат дека Македонија е позагадена од било кога, нема потреба од лажните статистики на СДСМ

Ѓорчев: Граѓаните гледаат дека Македонија е позагадена од било кога, нема потреба од лажните статистики на СДСМ

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев гостуваше на емисија „Топ Тема“ при што посочи дека СДСМ откога е на власт според нив земјата блеска, но за жал реалноста е дека граѓаните се гушат во енормен загаден воздух, а тие не преземаат ништо.

-Имаме Влада и гарнитура предводена од СДСМ која што апсолутно не води сметка за животната средина. Скопје наназад, не само Скопје туку и другите градови низ Македонија се најзагадени и во Европа и во светот, нагласи Ѓорчев.

Ѓорчев додаде дека пред 4 дена имаше и вест на „Euronews“ каде што врз основа на податоци на Европската Агенција за животна средина Македонија е најзагадената држава во Европа.

-Значи имаме ситуација каде што Скопје е енормно загадено, а имавме власт која што ни велеше ветуваме чист воздух, веднаш преземаме мерки итн. Куманово е енормно загадено иако Заев велеше Куманово е гасифицирано, не сепак е најзагаден град во Европа. Струмица исто така, нели и Струмица беше гасифицирана? Тоа е една огромна, мега лага, карактеристична за Заев. Понатаму и Битола е загадено, Тетово е ужасно загадено, и другите да не ги редам, појасни Ѓорчев.

Ѓорчев образложи дека на било кои бројки на оваа Влада народот веќе не верува.

-Затоа што според СДСМ државата блеска, според оваа влада инвестициите енормно растат, а ги нема на повидок. Не верувам на тие податоци, затоа што имаме ситуации во која што Македонија и тоа како последниве две – три години се местат статистиките во повеќе области. Граѓаните гледаат дека е загадено. Граѓаните гледаат дека се живо се гори. Граѓаните гледаат дека нема гасификација. Граѓаните гледаат дека Македонија е позагадена од било кога. А, истовремено не се регистрирани бројките, така што мислам дека имам една ситуација во Македонија каде што неколку години наназад имаме поплава од присуство на дрога помеѓу младите, помеѓу луѓето на улица и секаде. Сакам да нагласам еден модус операнди на оваа власт каде што имаме дрога повеќе отколку било кога, имаме помалку заплени и истото може да се каже во врска со отпадот. Власта може да извади какви сака графикони но народот го чувствуваат она што го дише, нагласи Ѓорчев.

Коронавирус