четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: Гоце Делчев е македонски револуционер, наш симбол, наша вредност и сето ова мора да си го задржиме

Ѓорчев: Гоце Делчев е македонски револуционер, наш симбол, наша вредност и сето ова мора да си го задржиме

Марјан Ѓорчев, стратешки партнер на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и советник на Извршниот комитет на партијата во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за Гоце Делчев и истакна дека нашата македонска историја покажува дека тој е македонски револуционер, македонски симбол и македонска вредност и сето ова мора да си го задржиме.

– Делчев е роден во отоманска провинција Македонија, се борел за автономија на Македонија, умира во Македонија и неговиот завет е дека сака да биде закопан во Македонија. Тоа е нашата содржина. Нашата македонска историја кажува дека тој е македонски револуционер и тој е нашиот симбол, нашата икона, нашата вредност. Гоце Делчев е македонски но и балкански херој во смисла на ослободување на овие простори од еден ретрограден империјален систем. Сето ова можеме да си го задржиме и да го направиме со една мудра македонска политика за да го зачуваме нашиот вредносен систем, а од друга страна би им докажале на соседите дека нашата македонска култура која датира од многу одамна е многу битка култура, истакна тој во своето гостување.

ЕУРО 2020

Македонија