среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 155
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Ѓорчев: Германската фондација Конрад Аденауер и ЦДУ се наши стратешки партнери, ќе ја засилиме соработката

Ѓорчев: Германската фондација Конрад Аденауер и ЦДУ се наши стратешки партнери, ќе ја засилиме соработката

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, денеска се сретна со Јоханес Реј, директор на фондацијата Конрад-Аденауер, која што е блиска до владејачката партија ЦДУ.

На средбата тие ја потврдија соработката и си посакаа успешна работа во понатамошниот период.

– Прием на германската ???? фондација Konrad-Adenauer-Stiftung (КАС) блиска до владејачката CDU, партнер на ВМРО-ДПМНЕ. Заедно работиме и соработуваме со години билатерално и во рамките на ЕПП, тоа се нашите стратешки определби и партнери.

Честитки за успешната соработка на КАС со ВМРО-ДПМНЕ и желби за успепшна работа понатаму.

Срдечна средба со директорот Јоханес Реј. Мило ми е што бев нивен стипендијант од 2000-та година, како и учесник и предавач на бројни нивни програми во Берлин, Брисел, Бон, Келн, Стразбур и многу други места.

Ќе продолжиме интензивно да соработуваме. ????. – напиша Ѓорчев во објавата на Фејсбук.

Коронавирус