понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 115
home Вести

Ѓорчев: Две години не се реализирани итните реформски приоритети за лицата со попреченост од „Планот за живот“

Ѓорчев: Две години не се реализирани итните реформски приоритети за лицата со попреченост од „Планот за живот“

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев од собраниската говорница денеска а во врска со дискусијата за новите измени за законот за лицата за попреченост истакна дека итните реформски приоритети од „Планот за живот“, во врска со лицата со попреченост владата требаше да ги реализира во првите две години -Царовска како министер за труд и социјална политика, со години и со месеци не дошла во собранието особено не на собраниската Комисијата за труд и социјална политика, тоа говори за односот на оваа власт кон законодавниот дом и зборува за демократскиот капацитет, вели Ѓорчев.

Тој праша што стана со ветувањата од „Планот за живот“ во Македонија во делот План 24М итни реформски приоритети на владат во првите две години ? Двете години одамна поминаа, а ништо не е реализирано, СДСМ ветија дека: -Ќе ја укинат квотата за поврат на ДДВ за увоз на специјални возила за лицата со попреченост -Со законски измени требаше да обезбедат според програмата скратено работно време за родителите на децата со попреченост да продолжи после 26 години односно да нема временско ограничување -Требаше да воспостават телефонска линија за пријавување на непристапни точки за лицата со телесна и сензорна попреченост -Требаше да обезбедат пристап до посебни програми за заштита и унапредување на репордуктивното здравје на жените со попреченост -Ќе обезбедеа поголем број на паркинг места на територија на Македонија за лицата со посебни потреби -Ветија дека лекарска комисија ќе ги посетува дома лицата кај кои треба да се обезбеди додаток за мобилност слепила и глувост а веќе има воспоставена дијагноза -Ветија дека ќе отворат центри за развој коишто ќе ги опфатат децата со одреден вид на попреченост, како и вработување на стручни профили во центрите – наброи Ѓорчев.

Сите овие работи се мртви зборови на хартија, ова е доказ дека направено многу малку и имаме уназадување на состојбите, ова се ветувања и најави на СДСМ, што стана со овие ветувања?- праша Ѓорчев.

 

Коронавирус