сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 50
home Вести

Ѓорчев: Договорот со Бугарија од самиот почеток има нерамноправна основа

Ѓорчев: Договорот со Бугарија од самиот почеток има нерамноправна основа

Марјан Ѓорчев, стратешки партнер на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и советник на Извршниот комитет на партијата во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за Договорот со Бугарија и посочи дека овој договор од самиот почеток бил поставен на нерамноправна основа.

-Лошото со Договорот со Бугарија е што на самиот почетокот беше поставен на нерамноправна основа. Ако сакате да имате успех во еден договор треба да бидете рамноправни во сите аспекти на Договорот. Една димензија на договорот, негативната димензија е отсуството на етичката грижа на македонската држава, штом кај вас отсуствува етичката димензија грижа за тие бугарски граѓани кои се декларираат како Македонци и вие бегате тоа да го спомените во договорот од друга страна допуштате на бугарската страна да се грижи за бугарското малцинство во Македонија како што се грижи во Албанија, Косово и слично тогаш вие сте во една нерамноправна положба, настрана што не се ползуваат сите позитивни искуства на македонската држава во градењето на еден принципиелен однос со Бугарија. Самиот начин на преговори без вклучување на амбасадата во техничките рунди само од Скопје идење на екипа, без да ме повикаат мене да учествувам во техничките рунди, jас никогаш не бев повикан од страна на Димитров за консултации и никогаш не бев повикан да разговараме кој е ставот на амбасадата за општата бугарска слика за нашата држава и што сакаат тие да постигнат со Договорот. Јас мислам дека од аспект на дипломатска служба пристапивме непринципилено, рече Ѓорчев во своето гостување.

ЕУРО 2020

Македонија