сабота, 15. мај 2021. Вести денес: 86
home Вести

Ѓорчев до Заев: Вас ве прозиваат луѓе кои што до вчера ве поддржуваa

-Се чувствува ли некој во оваа влада горд што го малтретирате Сашко Кедев, што го деградирате неколку скалила? Анонимуси го деградираат Сашко Кедев, знаете ли која ќе биде последицата? Последицата ќе биде ако Кедев отиде во приватно или во странство. И после тоа 300, 400 или 500 луѓе кои што требало да ги оперира во Македонија или ќе треба да даваат за приватно или ќе треба да собираат пари со донации за да одат во странство, праша пратеникот Ѓорчев.
Ѓорчев до Заев: Вас ве прозиваат луѓе кои што до вчера ве поддржуваa

Пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ денеска по повод расправа за гласање на недоверба на владата на СДСМ од собраниска говорница истакна дека оваа влада и покрај изборните ветувања дека ќе изградат 600 километри автопат, денес кога се на власт немаат изградено ниту еден километар асфалт, а автопатот Демир Капија – Смоквица е проект од владата на ВМРО-ДПМНЕ и готов е од пред една година, но поради неспособноста и неработењето на владата на СДСМ не е пуштен во употреба.

-Вие немате ниту еден километар асфалт фрлено на тој пат, бидејќи е веќе направен, еден метар банкина не е ставено бидејќи претходно беше ставена, еден знак не е ставен од вас затоа што сите знаци се ставени претходно. Една година не можете една бандера да тргнете 30 метра и сега ќе го пуштите патот кој што е веќе направен, а абер немате за нови патишта, речи Ѓорчев.

Тој во текот на дискусијата кажа дека оваа влада мора да замине бидејќи Македонија има најлоша економска состојба од цела Европа. Единствена фактура која оваа влада треба да ја исплати, како што потенцираше Ѓорчев, е промена на името.

-Се чувствува ли некој во оваа влада горд што го малтретирате Сашко Кедев, што го деградирате неколку скалила? Анонимуси го деградираат Сашко Кедев, знаете ли која ќе биде последицата? Последицата ќе биде ако Кедев отиде во приватно или во странство. И после тоа 300, 400 или 500 луѓе кои што требало да ги оперира во Македонија или ќе треба да даваат за приватно или ќе треба да собираат пари со донации за да одат во странство, праша пратеникот Ѓорчев.

Ѓорчев потенцираше дека само во Македонија се случува политички прогон на лица кои имаат различно мислење од оваа влада. Тој го спомена и единствениот македонски градоначалник во Албанија, Пустец, Едмонд Темелко кој е во лоша здравствена состојба, а се наоѓа во притвор и врз него се врши политички реваншизам.

Според него, со оваа влада повторно се вратил криминалот на улиците, а за безбедноста на граѓаните никој не води грижа.

-Горат коли на паркинзи, има убиства и вратени сме во  95, 96 и 97 година. Затоа што има небезбедност, објасни Ѓорчев.

Тој изјави дека граѓаните се разочарани од ваквото владеење на СДСМ.

Ѓорчев додаде дека граѓаните кои до вчера ги поддржувале СДСМ и Заев денес веќе ги прозиваат, а тоа е поради лошите и катастрофални политики од кои ништо добро не виделе.

Коронавирус