среда, 2. декември 2020. Вести денес: 156
home Вести

Ѓорчев до Заев: Дали имате намера да го спречите тонењето на Македонија на сите можни листи ?

Ѓорчев до Заев: Дали имате намера да го спречите тонењето на Македонија на сите можни листи ?

На денешната седница на Собранието, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев постави две пратенички прашања до претседателот на владата на Македонија, Зоран Заев. Најпрвин, Ѓорчев праша дали премиерот Заев има намера да го спречи тонењето на Македонија на сите можни листи кои се однесуваат на мерење на општествените процеси. Како пример, Ѓорчев го посочи паѓањето на Македонија на листата на транспаренси интернешанал за цели 17 места како и паѓањето на државата на листата на иновативност за цели 23 места.

-Дали имате намера да го спречите, да го ублажите и да го смените трендот на тонење на Македонија на апсолутно на сите можни листи кои што се однесуваат мерење на општествените процеси. Ќе споменам неколку примери: Во делот на корупцијата, на 22 февруари, оваа година, 8 месеци од превземањето на Владата беше објавена листата на транспаренси интернешанал на која што Македонија има пад од 17 места. Падот е од 17 места откако вие 8 месеци сте претседател на владата. Второ, овие неколку недели светската листа на иновативност, таму Македонија има пад од 23 места. Паднати сме од 61 место на 84 место. Зошто паѓаме на листата на иновативност? Затоа што вашиот фонд за инвоации ги дели парите онака како што ги дели. Не зборуваме ние тука за кредити, не зборуваме ние за субвенции, тука зборуваме за луѓе кои што добиле по 150, 200 или 300 илјади евра, само затоа што се блиски до власта. Само затоа што во нивните кабинети седат луѓе кои што ги носат одлуките. Дали сте свесни за размерите на скандалот, размерите на разочарувањето и интензитетот на револтот кој што го има македонската јавност, рече Ѓорчев.

Исто така, тој истакна дека во делот на рангирање на услови на водење на бизнис, за време кога владата ја водеше ВМРО-ДПМНЕ, Македонија беше на 10 место на светската бизинис листа. За неколку месеци излегува дуинг листата каде што Ѓорчев тврди дека Македонија ќе има значителен пад на оваа листа. Тој го запраша Премиерот Заев дали доколку тоа се случи некој од владата ќе превземе одговорност?

Ѓорчев посебно се осврна на падот на натилитетот во Македонија. Тој истакна дека откако Зоран Заев стана премиер, падот на новорени деца паднал од 23 100 на 21 700 новородени деца.

Второто прашање на Ѓорчев до Премиерот Заев беше упатено за безбедноста во државата. Тој нагласи дека безбедноста на граѓаните е загрозена, а власта не презема ништо.

-Во делот на безбедноста дали имате намера да го подобрите јавната безбедност во РМ? Господине Заев, никогаш во историјата на Скопје, никогаш во историјата на Македонија сме немале волку запалени автомоболи, ваква безбедност. Погледнете со прикривањето и претепувањето на Никола Саздовски кој што почина. За него квалификација прво беше насилство, а детето беше во кома и сега почина и се дигна јавноста и не може да се прекрие, рече Ѓорчев.

Најнови вести

Коронавирус