сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 70
home Вести

Ѓорчев до амбасадорката на Турција: Честит празник на републиката и до големата турска нација

Ѓорчев до амбасадорката на Турција: Честит празник на републиката и до големата турска нација

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев на покана на амбасадорската на Република Турција Тулин Еркал Лара присуствуваше на одбележувањето на 95 годишнината на републиката.

На взаемната средба пратеникот Влатко Ѓорчев го честиташе празникот на Република Турција и на големата турска нација, нагласувајќи ги пријателските односи помеѓу Македонија и Турција.

Амбасадорката на Република Турција во своето обраќање на дипломатскиот прием стави акцент на одличната соработка меѓу Македонија и Турција, со желби за продолжување на добрите односи меѓу двете држави и народи.

Коронавирус