петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 208
home Вести

Ѓорчев до Адеми: Градете и почитувајте го своето, но не го чепкајте она што е туѓо

Ѓорчев до Адеми: Градете и почитувајте го своето, но не го чепкајте она што е туѓо

На денешната седница на пратенички прашања во Собранието на Република Македонија пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев го праша министерот за култура, Асаф Адеми дали има намера да го чепне музејот на ВМРО и жртвите од комунистичкиот режим. Тој упати апел до него да не го допира Музејот бидејќи тој е нешто важно и свето за македонскиот народ.

-Господине Асаф Адеми вие носите посебна одговорност за музејот на ВМРО и жртвите од комунистичкиот режим. Господине Адеми не допирајте во она што е важно и свето за македонскиот народ. Апелирам до вас, ние ги почитуваме Албанците, но не дозволувајте да правите нешто што ќе допре во она што ни е важно нас од татковци, дедовци и прадедовци. Господине Адеми, одговорен сум да ви го кажам следново, не се кријте зад Комисијата. Ако таму се тргне постапка и ако се направи штета се обврзуваме дека ќе има одговорност и надомест на штета и конфискација. Ќе има одговорност. Немојте да допирате до интеретничките односи. Музејот на ВМРО и жртвите од комунистичкиот режим е света работа за илјадници семејства на цел еден народ и затоа пренесете му на Александар Литовски дека ние во оваа држава ќе живееме во наредни 10, 50 години и дека тука ќе бидат нашите деца и внуци. Господине Адеми дали имате намера да го чепнете музејот на ВМРО? Градете и почитувајте го своето, но не го чепкајте она што е туѓо, истакна Ѓорчев.

Коронавирус