четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 16
home Вести

Ѓорче Петров се соочува со рекордна загаденост на воздухот: Граѓаните на општината со барање до Град Скопје и МЖСПП

Ѓорче Петров се соочува со рекордна загаденост на воздухот: Граѓаните на општината со барање до Град Скопје и МЖСПП

Сервисирање и повторно пуштање во употреба на мобилната мерна станица за регистрирање на аерозагадувањето, како и поставување нова мерна станица со цел покривање на целата општина и добивање на податоци за аерозагадување од територијата на целата општина- ова се барањата на граѓаните на општината Ѓорче Петров упатени до Град Скопје и до Министерството за животна средина и просторно планирање.

БАРАЊЕ ОД ГРАЃАНИТЕ НА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

До:

Град Скопје

Министерство за животна средина и просторно планирање

Почитувани, се обраќаме до Вас како надлежни институции со две барања од аспект на загадувањето на воздухот.

Во Ѓорче Петров има две мерни станици за аерозагадување кои регистрираат ПМ10 честички, едната лоцирана кај полициската станица, а другата е мобилна станица која бележи, регистрира и покажува ниво на загаденост.

Во изминатиот временски период Ѓорче Петров се соочуваше со рекордна загаденост на воздухот. Ние како граѓани ги користевме овие мерни станици за да се информираме за истото и согласно на тоа превземавме превентивни мерки да се заштитиме самите и нашите семејства од аерозагадувањето. Вредностите кои ги прикажуваа овие мерни станици ни користеа како аргумент во комуникацијата со институцијата за да го оствариме нашето со устав загарантирано право на здрава и еколошки чиста животна средина.

Мобилната мернастаница која што покажуваше колкаво е аерозагадувањето од различни локации на оштшината веќе два месеца е надвор од употреба (види линк). Оваа станица заедно со мерната станица која се наоѓа во Кисела Вода се единствените неисправни мерни станици кои регистираат ањерозагадување во градот Скопје.

МојВоздух:

/web/#draw?station=GjorceMobilna&pollutant=PM10&country=mk&language=mk

Министерство за животна средина и просторно планирање:

http://air.moepp.gov.mk/?page_id=175

За таа цел имаме две барања до горенаведените институции, кон кои ќе се обратиме и писмено. Барањата се:

1. Сервисирање и повторно пуштање во употреба на мобилната мерна станица за регистрирање на аерозагадувањето

2. Поставување нова мерна станица со цел покривање на целата општина и добивање на податоци за аерозагадување од територијата на целата општина.

Со почит, граѓани на општина Ѓорче Петров

Коронавирус