петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 53
home Вести

Ѓорче нема да се прекрсти, ама ќе го менува статутот на општината

Ѓорче нема да се прекрсти, ама ќе го менува статутот на општината

Општина Ѓорче Петров закажа седница на Советот на која треба да се разгледаат неколку точки, меѓу кои:

усвојување на завршни сметки, извештај за работа на разни сегменти и главната точка: Промена на статутот на општината поднесена на иницијатива на градоначалникот Александар Наумоски.

Во иницијативата е наведено дека се менува статутот за да се смени печатот на општината.

Член 2

Со измените и дополнувањата на Статутот има потреба од  измена во член 7 став 2  каде е опишана формата и текстот на печатот на општината, при што помеѓу зборовите Република и Македонија да се додаде зборот „Северна“. – стои во иницијативата.

Оваа иницијатива ја следи и спремна предлог одлука на градоначалникот дека промените во статутот на општина Ѓорче Петров се изгласани.