понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 15
home Вести

Ѓорче како Див Запад: По вооружениот грабеж во банка, ограбена и спортска обложувалница

Ѓорче како Див Запад: По вооружениот грабеж во банка, ограбена и спортска обложувалница

Ѓорче Петров се претвори во Див Запад. Жителите стравуваат за својот мир и безбедност, додека општината се повеќе изгледа како сцена од холивудските вестерн филмови.

По вооружениот грабеж кој се случи пред околу една недела во експозитура на „НЛБ Банка“, денеска е ограбена и спортска обложувалница, дознава КУРИР.

Од МВР за КУРИР го потврдуваат грабежот и информираат дека непознат сторител во текот на ноќта насилно влегол преку прозорецот во спортската обложувалница лоцирана на улица „Шидска“.

Грабежот бил пријавен утрово во 9:30 часот, но се уште нема информации што точно е одземено од обложувалницата.

Инаку, пред околу една недела во скопската населба Ѓорче Петров беше ограбена и експозитурата на „НЛБ Банка“. Веста ја потврдија и од менаџментот на банката од каде соопштија дека станува збор за вооружен грабеж.

-Во експозитурата Ѓорче Петров на НЛБ Банка се случи вооружен грабеж. Сите клиенти кои се затекнаа во експозитурата, како и вработените на Банката се безбедни и се во добра состојба. Во овој момент, претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во експозитурата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план. Паралелно, Банката соработува со надлежните органи за брзо и ефикасно решавање на случајот, како и утврдување на висината од направената штета, за што ќе ја известиме јавноста дополнително, беше тогаш наведено во известувањето од НЛБ Банка.

Коронавирус