недела, 20. мај 2018. Вести денес: 22
home Вести

Ѓоко Поповски ја поби тезата на СЈО за фаворизирање на економскиот оператор

Ѓоко Поповски ја поби тезата на СЈО за фаворизирање на економскиот оператор

Старото половно возило ВМВ е поскапо од новиот Мерцедес.

На огласот за јавна набавка на блиндирано возило од 4 април 2012 до 15 мај 2012 година, ниту еден економски оператор не поднел барање и прашање ниту е побарано измена на тендерската документација, рече обвинетиот Ѓоко Поповски во своите завршни зборови.

Рокот за тоа бил 6 дена. Тендерската документација била подигната од 15 или 16 економски оператори, а еден од нив бил и “Микеј”, фирма која што се занимава со воена опрема.

-Значи секој економски оператор кој е регистриран за промет со возила и има економски интерес, законот му дозволува да учествува во постапката за јавна набавка. Законот за антимонопол дозволува сите економски оператори да можат да учествуваат во јавната набавка. Исто така, согласно ЗЈН секој оператор има право на жалба на тендерската документација. Но, ниеден економски оператор не го стори тоа, рече Поповски.

Тезата на СЈО дека со тоа што во спецификацијата е ставено и “сервисирање на возилото” и со тоа биле исфрлени од конкуренција другите економски оператори, Поповски ја поби со тоа што тој објасни дека на веб страницата на mercedes-benz.com.mk постои можност за аплицирање за овластени сервисери на Мак Ауто Стар. Што упатува на тоа дека секој економски оператор може да ги користи овие овластени сервисери под одредени услови. Поради овој факт, не постои фаворизирање на економски оператор.

Во врска со јавната набавка на половно блиндирано возило, обвинетиот Ѓоко Поповски рече дека таа била поништена бидејќи цената за половното вип возило од марката BMW била многу висока, односно околу 580.000 евра.