петок, 23. август 2019. Вести денес: 1
home Вести

„Ѓаволот си дојде по своето“: Каде е убедливата победа на нашиот Стево?

„Ѓаволот си дојде по своето“: Каде е убедливата победа на нашиот Стево?

Разочаран поддржувач на владејачката СДСМ, вечерва на социјалната мрежа го постави прашањето „каде е убедливата победа“ со 100 до 150 илјади гласа во полза на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, откако станува јасно дека во вториот изборен круг тој нема да има никаква предност пред опозициската противкандидатка Гордана Силјановска Давкова, пренесува Нетпрес.

Разочараниот социјалдемократ кој вели дека 18 години е активен во сите кампањи на СДСМ, ги предупредува своите сопартијци дека добиле жешка шлаканица, која според него е резултат на „трката по тендери“ наместо остварување на ветувањата.