понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 201
home Вести

Гиевски: Во однос на новиот образовен концепт, независниот кандидат за образование и наука е целосно исклучен

Гиевски: Во однос на новиот образовен концепт, независниот кандидат за образование и наука е целосно исклучен

Томислав Гиевски, претседател на независниот кандидат за образование и наука во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за новиот концепт на министерството за образование и наука за спојување на одредени предмети во еден предмет. Гиевски рече дека во врска со оваа тема тие како независен кандидат за образование и наука се целосно игнорирани.

-Ние сме за реформи да, но во однос на забелешките за новиот концепт за образованиет ние сме против тоа. Тие средства кои ги планираат за ова нека ги инвестираат во нагледни средства и за само 6 месеци училиштата ќе цветаат и ќе се види невиден раст на воспитно образовниот процес. Тие имаат еден аспект на гледање, просветните работници имат друг аспект на гледање за ова. Како може од добро климатизираниете простории да знаете како му е на наставникот освен ако не го прашате наставникот. Наставниците ги претставува синдикат, јас не знам СОНК колку е вклучен но ние како независен сидикат сме целосно игнорирани во овој процес, потенцираше Гиевски во своето гостување.

Најнови вести

Коронавирус