сабота, 27. февруари 2021. Вести денес: 94
home Вести

Гиевски: Срамота е Царовска да вели дека се исплќаат надоместоци за зголемениот двоен учинокот на просветните работници

Гиевски: Срамота е Царовска да вели дека се исплќаат надоместоци за зголемениот двоен учинокот на просветните работници

Томислав Гиевски, претседател на независниот кандидат за образование и наука во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“, зборуваше за главниот проблем кој го имаат просветните работници а тоа е дека им е зголемен двојно работниот учинок, а за тоа не им е ништо платено.

-Еден од главните проблеми кои ја имаат просветните работници е што им е зголемен двојно работниот учинок на многу наставници од прво до трето одделение и не им се плаќа. Држеа 20 часа сега држат 40 часа и сега бараме тоа да им се плати на наставниците. Зголемувањето на фондот на часови е по насока на министерството за образование и наука. За ова ние имавме мали протести во месец октомври пред МОН дадовме порака. Но министерката не сакаше да разговара да види зошто сме се собрале за да пред 3 дена излезе јавно соопштение од владеачката партија каде што велат дека доколку јас сум се водел од синдикални, а не од партиски интереси ќе знаеше дека министерката за образование и наука во месец октомври испрати писмо до сите училишта дека за наставниците кои извршуваат работни задачи повеќе од полното време треба да се исплати надоместок за прекувремена работа за што обезбедеби се блок дотации од општините. Ова е крајно несериозно, јас знам лично како ми е мене кога огромен број наставници ми се јавуваат мене дека наставниците неколку месеци работат прекувремено и тоа не им е платено. Сега тие го читаа ова соопштение од владеачката партија дека се извршени исплати, а тие немаат денар земено, рече Гиевски во своето гостување.

Коронавирус