среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 136
home Вести

Ги навредуваше граѓаните, Дане Талевски стана кандидат за амбасадор во НАТО

Ги навредуваше граѓаните, Дане Талевски стана кандидат за амбасадор во НАТО

Шефот на дипломатијата Никола Димитров денеска на владина седница ќе ја достави кандидатурата на досегашниот советник на премиерот Зоран Заев за надворешна политика, Дане Талевски за амбасадорската позиција во НАТО.

Талевски е кандидатот кој ќе ја пополни оваа клучна позиција во момент кога земјата наскоро очекува да стане 30. членка на НАТО.

Талевски неодамна го навлече гневот на граѓаните на социјалните мрежи откако на емисијата „Само Вистина“ во која дебатираше со Тимчо Муцунски ги навреди гласачите на ВМРО-ДПМНЕ.

Конкретно тој изјави дека „најголемата партија во Македонија и нејзините 450.000 гласачи се најголемо зло” (21:30 од видеото).