среда, 23. септември 2020. Вести денес: 135
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправдите, реваншизмот и насилството на мафијата на Заев

home Вести

Ги истрошија акумулациите лете, па сега ќе увезуваме поскапа струја

Ги истрошија акумулациите лете, па сега ќе увезуваме поскапа струја

Недомаќинското работење на ЕСМ, нестручноста, лошото планирање и неспособноста на поставените раководни лица  ја загрозуваат стабилноста на електроенергетскиот систем на Република Македонија како и снабдувањето со електрична енергија на домаќинствата и претпријатијата особено во претстојниот зимски период кога се зголемува потрошувачката на електрична енергија. Во моментов хидроакумулациите се сведени на историски минимум за овој период од годината од вкупно 24%.

Секојдневните испади на блоковите во РЕК Битола и максималното трошење на водените ресурси се одлика на неспособност, нестручност и незнаење. Се поставува прашање дали повторно недостатоците на електрична енергија ќе се задоволуваат со скап увоз на електрична енергија на товар на граѓаните преку преносната и дистрибутивната тарифа доколку ЕСМ не ја подмири својата законска обврска кон EВН ХОМЕ  согласно Законот за енергетика.

Испразнетите акумулации можат да доведат и до недостаток на вода за пиење на населението и на земјоделските површини. Раководството на ЕСМ среде лето продаваше наводни „вишоци“ на електрична енергија празнејќи ги хидроакумулациите заради остварување на нечии лични интереси, а истовремено јавно се фалеа на прес конференции наводно остварувајќи некакви рекорди за акумулирана добивка на годишно ниво. АД ЕСМ јавно се пофали дека во Јуни 2019 продавала вишоци на енергија.

Ги истрошија акумулациите и продаваа вишоци по цена од 41,42 Евра/MWh, во период кога цената не енергијата е ниска, за сега во зимскиот период да увезуваме по многу повисока цена од скоро 70-75 Евра/MWh. Истата можевме  да ја чувавме за непланирани испади, за кога навистина ќе ни треба.

Со нечија умисла и усно укажување „самоиницијативно“ поради наводните заштеди се знае дека ЕСМ продава електрична енергија на ЕВН ХОМЕ по цена од 34,5 евра за МWh. Глумиме либерализиран пазар, а со сила сме строго регулирани и одржуваме вештачка цена на електричната енергија за домаќинствата краткорочно, а сето ова на подолг период ќе се удри врз џебот на граѓаните.

За оптимално раководење и управување со хидропотенцијалот од акумулациите треба знаење и искуство. Треба свест и одговорност. Исправно работење при користење на хидропотенцијалот се состои од планирање и прецизно придржување до планот. Сите отстапувања значат дилетантизам во корист на криминалот. Следи не само енергетска катастрофа, туку и еколошка, а невладините еколошки организации молчат.

Стевче Антовски, дипломиран електроинженер

Најнови вести

Коронавирус