понеделник, 22. јули 2019. Вести денес: 97
home Вести

Геровски добива закани од власта, еве што им одговори

Геровски добива закани од власта, еве што им одговори

“Марш бре, таму, лицемери едни!!!” е одговорот на новинарот Бранко Героски по упатените закани против него како што тој пишува од пријатели и познаници испратени од власта. Героски во својот фејсбук пост признава дека си дал оставка од Слободен печат под силен притисок.

МОЈОТ ОДГОВОР НА ОПОМЕНИТЕ И НА ЗАКАНИТЕ

Во инбокс, во лични пораки што ми ги пренесуваат пријатели и познаници и на разни други начини, ми стасуваат опомени и закани.
Премногу сум ја критикувал власта. Сум претерал. Та нели сме биле наши…
Па еве, да одговорам јавно, како што имам обичај.
Марш бре, таму, лицемери едни!!!
Под силен притисок, дадов оставка од позицијата главен уредник и целосно се повлеков од „Слободен печат“. Никого не навредив, никого не повредив, самиот ја проголтав горчината на едно предавство. Како отров.
Го оставив весникот, чедото што се роди во мојата глава и во моето срце…
Што кур сакате сега, абдали едни?! Сакате два пати да ви поднесам оставка?
Перото не ви го давам, на тоа да не се надевате!
Нема да ме замолчите!