понеделник, 13. јули 2020. Вести денес: 54
home Вести

Героски: Зоран Заев го уништи правниот систем според разговорите од бомбата

Героски: Зоран Заев го уништи правниот систем според разговорите од бомбата

Вечерва на ТВ Алфа гостуваше новинарот Бранко Героски кој што појасни дека е срамота тоа што се слушна на бомбата од Милошоски. Според Героски,  Зоран Заев да договара пресуди и да вели дека без него судски одлуки не се носеле, тоа е класично уривање на правниот систем во Македонија.

Не знаевме дека премиерот Зоран Заев во тоа време, човекот Алфа и Омега на македонската политичка сцена во овие три години всушност конкретно знаел и зборувал, разговарал со соговорник кој се уште ни е непознат. Кај што му вели – „Ова не важи, овие пресуди ќе паднат на Врховниот суд, знае Катица Јанева, знае претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, ова се ќе падне на Врховен суд“, ова сето укажува на дерогирање на правото. Односно уништување на правниот систем, истакна Героски.

Героски додаде дека бомбата на Милошоски ни кажува дека операцијата на Заев е направена свесно со знаење дека ова не може да помине.

Јас во моите колумни пишував дека тие пресуди ќе паднат во Македонија, ако не паднат во Маекдонија ќе падната во Стразбур. Луѓето биле свесни дека ќе падне на Врховен суд, без Заев не може нели? Без Врховниот суд не може. Сугерира господин Заев, вели дека биле договорени со претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски. Јас тоа се обидов да го проверам директно од г. Јово Вангеловски кој тврди резолутно дека тоа не е точно, но нема што да се договара тоа. Тоа законот го кажува, рече Героски.