сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Вести

Героски: Заев со сегашното мнозинство нема сериозно поместување во позитивна насока, Парламентот не е функционален

Героски: Заев со сегашното мнозинство нема сериозно поместување во позитивна насока, Парламентот не е функционален

„Ние имаме големо лавирање во поглед на тоа колкаво е тоа мнозинство, значи во еден период да ве потсетам кога се гласаше уставните промени со кои се имплементираше Преспанскиот договор, Владата успеа да состави 2/3 мнозинство. И ние сите знаеме како се случуваше тоа, со какви гимнастики, притисоци итн. Значи од 2/3 мнозинство до ова гласање на кое Заев е што се вели на свое, односно на истиот број на пратеници со кои ја изгради владата, а тоа е 62 пратеника. Тоа значи дека нема сериозно поместување во позитивна насока“, истакна Бранко Героски во гостувањето во емисијата „Само вистина“.

Героски додаде дека Заев се обиде да го стегне тоа што го има, за да обезбеди мир некое време.

„Е, сега колку е тоа функционално мнозинство, колку тоа реално може да донесува закони, колку воопшто Парламентот може да работи е друго прашање. Гледаме дека не е функционално“, појасни Героски.

Героски посочи дека СДСМ во некои анкети стои доста лошо во однос на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус