сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 80
home Вести

Героски: Заев пред избори не ја користи Северна, купува гласови

Героски: Заев пред избори не ја користи Северна, купува гласови

Во вечерашната емисија „Што не е јасно“ новинарот Бранко Героски зборуваше за неговата последна колумна каде го прашува Зоран Заев зошто не го употребува зборот Северна кога им честиташе на македонските ракометари за нивната победа во натпревар на европското првенство. Истакна дека на сите им е јасно зошто е тоа така и зошто Заев не го употребува зборот Северна – затоа што доаѓаат избори.

Имено, новинарот Геровски во своето гостување ја коментираше изјава на висок функционер каде во приближно една минута пет пати во употребува името Северна и го кажа следното:

„Tоа не беше случајно. Јас мислам дека постоеше еден обид во дел од јавност што го поддржува СДСМ да се изведе еден мал идентитетски инжињеринг, односно новото име Северна Mакедонија за кое тврдам според нашите лингвистички јазична правила не е скратената име од Република Северна Македонија. Именката Македонија е основа на фразата, но ете некој запна да вели дека Северна Македонија е скратеното име и тврдев дека во тој период не е така. Но, постоеше една група на интелектуалци кои се обидоа од тоа да произведат именка, да произведат придавка за јазикот и за нацијата, па дури имаше и иницијатива да се промени химната, да се променат некои други атрибути на нашиот идентитет. Тоа беше мал обид да се изведе идентитетски инжињеринг и мислам дека ова што се случуваше во овој период беше последица на тој обид“.

Коронавирус