недела, 22. септември 2019. Вести денес: 92
home Вести

Героски за СЈО: Истрагите беа неквалитетни, а преку новинари создаваа притисок на јавноста- сега се доведуваат во прашање сите оние случаи кои ги водеа

Се девалвира начинот на работа и се доведуваат во прашање сите оние случаи кои ги водеа СЈО до сега- смета новинарот Бранко Героски.
Героски за СЈО: Истрагите беа неквалитетни, а преку новинари создаваа притисок на јавноста- сега се доведуваат во прашање сите оние случаи кои ги водеа

СЈО, обвинителката Јанева, обвинителската Фетаи Фатиме и целата таа постава и начинот на кој беше поставено СЈО, начинот на кој се спроведуваа истрагите, поведението на луѓето на специјалните обвинители, јас ги критикував од самиот почеток, од првата појава на Катица Јанева, вели новинарот Бранко Героски кој гостуваше во емисијата „Јади бурек“ кај Јанко Илковски.

-Понатамошната разврска на состојбите во СЈО, особено од аспект на тоа како беа проследувани доказите, како беа повикувани и избрани новинари во СЈО па преку нив практично се создава притисок на јавноста за едно прерано судење, јавно судење по предметите кои ги покренуваа, мене сериозно ме убеди во фактот дека ние имаме проблем со таа институција и подоцна за жал се покажа дека бев во право, бидејќи во еден поголем дел од случаите на СЈО се одлучи да се постапува без посериозни истраги.

Општиот впечаток, според него, бил лош, истаргите неквалитетни, некои задоцнети…

-Ќе имаме сериозен проблем со она што е работено до сега, што ќе се одрази понатаму.

Според Героски, се девалвира начинот на работа и се доведуваат во прашање сите оние случаи кои ги водеа СЈО до сега.

-Апсолутно, вие не може да нацртате една шема и да кажете дека фирмата „X“ e „offshore“ компанија во некоја земја која и дава позајмица на фирмата „Y“, а таа пак дала банкарска гаранција за фирмата „Z“ да работи нешто и да речете „ете тоа е криминалот“ . Чекајте, дали е легално да отворите  „offshore“ компанија во земја во кое тоа е дозволено- легално е. Банкарската гаранција е легален инструмент. Што треба вие да докажете како обвинители, истражители? Дека постојат нелегални пари, перење на пари, дека постои рекет, трговија со влијание- ова што сега се докажува во новата афера итн. и тоа да го поткрепите со сериозни материјални докази, а не со цртежи и рекла казала и со разговори кои според Законот за кривична постапка всушност не се валидни докази, дури и да се легални, а камоли нелегално снимени, вели Героски, меѓудругото.