недела, 20. септември 2020. Вести денес: 83
home Вести

Героски: Во политичка смисла ние сме примитивно општество

Героски: Во политичка смисла ние сме примитивно општество

Во вчерашната емисија на 1ТВ Ордановски и Бранко Героски коментираа што сега ќе се случува со земјата, бидејќи доколку земјата влезе во ЕУ нам ќе ни се потребни квалитетни луѓе, веќе ќе нема изговор власта, и кој на каков начин ќе врши селекција на квалитетен кадар, што е доста тежок проблем за Македонија.

Ние сме во принцип, не само ние повеќето општества на Балканот т.н. пред политички општества. Во политичка смисла ние сме примитивно општество. Немаме развиена демократија, нема ништо лошо во партиите да ја правата таа селекција, меѓутоа проблемот е што во партиите нема партиски живот, појасни Героски.

Героски во самата емисја посочи дека во минатото кога бил млад новинар, оделе на Централните седници, на Централниот Комитет на Сојузот на комунистите на Македонија каде тематски се дебатирало. Една за аграрот, втор пат за образованието итн. Сега нема ништо. Сега на сите седници на Извршни комитети и Централни комитети сега само се бираат кадри и се бираат пред избори итн. Дури се носат одлуки како на ЦО на СДСМ, клучната одлука дали да се оди на предвремени парламентарни избори да му ја препушти на раководството. Тоа е знак дека во партиите немаме партиски живот.

Коронавирус