среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 82
home Вести

Героски: Тужете и апсете, Јовче ќе ви направи список

Героски: Тужете и апсете, Јовче ќе ви направи список

Тужете и апсете, Јовче ќе ви направи список, реагира новинарот Бранко Героски на континуираниот притисок од власта кон новинарите и медиумите кои сè што не им се допаѓа го прогласуваат за „лажна вест“.

-Со каква леснотија некои луѓе ги отфрлат вредностите за кои некогаш заедно се боревме. Преку ноќ стануваат цензори и бедни апологети на новата автократија. И згора на сė, мене ме обвинуваат – јас сум ја предал „каузата”. И не само мене… Море марш таму, идиоти едни! За вас важи онаа народната – дај му малку власт на човек и види го каков е. Ви дадовме власт, видовме какви сте. Чест на исклучоците, ама опасно нė разочаравте. Ги поткопавте темелите на нашата заедничка куќа. За самите да бидете газди во неа. Исплашени дека некој ќе ви го грабне тоа задоволство, о бедни и ситни душички! Поздрав од „суетнио“… Сега може слободно да тужите. Тужете ги сите што не ви се допаѓаат. Море, уапсете ги веднаш! Јовче ќе ви направи список…

Коронавирус