четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Вести

Героски со порака до премиерот: Не се одродувај, Зоране Заев

Героски со порака до премиерот: Не се одродувај, Зоране Заев

Нема ден Зоран Заев да не ни покаже дека навистина не е човек на кого може да му се верува. Жал ми е што морам тоа да го кажам, да повторам всушност, но и јас веќе не му верувам, пишува во својата најнова колумна уредникот на порталот Плусинфо, Бранко Героски.

Во јануари годинава, на пример, човекот тврдеше дека придавката „македонски“ е идентитетска и дека нема ограничување за нејзината примена. Сега, опоменат од Атина за банална работа, тој јавно изјави дека згрешил што ја употребил придавката „македонска“, именувајќи ја нашата фудбалска репрезентација. Кога излажа Заев, во јануари или сега? Или и тогаш и сега? Али Ахмети пред два дена ни кажа дека Заев подготвува промена на химната, на грбот и на знамето, вели Героски и додава:

„Заев „демантираше“ дека разговарал со Ахмети за таа работа. Внимавајте ваму: не ни кажа човекот дали – додека дише, нели – ќе се фати за химната, за грбот или за знамето. Само вели дека не разговарал со Ахмети за таа работа. Он со нас се мајтапи? Нè есапи за будали? Јас мислам дека Ахмети не нѐ излажа. И дека Заев навистина планира да ја жртвува химната, а богами ќе се потруди да ги смени и грбот и знамето. Од каде го знам тоа? Од Бујар Османи, на пример, Заевиот министер за надворешни работи.

Целата колумна ТУКА.

Коронавирус