сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Героски: СДСМ никогаш не бил во ваква паника и очај како сега, во недела отворете очи и чувајте ги избирачките кутии

Героски: СДСМ никогаш не бил во ваква паника и очај како сега, во недела отворете очи и чувајте ги избирачките кутии

Го следам СДСМ три ипол децении, ги следев сите изборни кампањи, и сведочам дека СДСМ никогаш не бил во ваква паника и очај како сега, пишува на својот Фeјсбук профил новинарот и уредник на порталот „Плусинфо“ Бранко Героски, и апелира опозицијата во недела да ги отвори очите и да ги чува избирачките кутии!

-Го следам СДСМ три ипол децении. Од времето на СКМ и СКМ-ПДП.

Ги следев сите изборни кампањи.

И сведочам: СДСМ никогаш не бил во ваква паника и очај како сега. Дури ни во годините кога беше извесно дека ги губи изборите.

Црната пропаганда на СДСМ покажува дека партијата, за жал, сега ги живее своите најцрни денови.

Под водство на Зоран Заев, човекот што ја подели Македонија. И сака уште да ја дели.

Упатувам порака до опозицијата:

В недела отворете очи на избирачките места и чувајте ги избирачките кутии!, пишува Героски во својата објава.

Коронавирус