понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 11
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Героски: Не може власт да маршира за закон кој самата го изгласа

Героски: Не може власт да маршира за закон кој самата го изгласа

Новинарот и уредник на порталот Плусинфо Бранко Героски синоќа во своето гостување на телевизија Алфа посочи дека не може власт да маршира за закон кој самата го изгласала.

Маршот на СДСМ всушност мотивот за маршот на СДСМ беше прилично нејасен. Односно мене ми беше јасен, веројатно на делот на посматрачите, идејата беше да се цементира некако во јавноста поддршката за оној последен чин за донесувањето на законот за ЈО. Многу тешко е да изнесете луѓе на улица и да им објасните дека ќе маршираат. За што маршираме? За правда. Правда е прилично апстрактивен поим, значи мора да има некаков силен мотив. Би марширале за правда кога би имале мотив за силна неправда, појаснува Героски.

Героски додаде не може да се очекува од обичен граѓанин кој излегол на марш на СДСМ, да знае за што го повикале, за тоа што можеби е член на СДСМ, симпатизер и да го прашате за што маршираш ти.

-А, тој да каже за правда. А, ти го прашуваш за што за правда. И натаму оди одговорот за донесување на законот за ЈО, кој веќе е донесен, да се поддржи законот. Се донел законот за ЈО, се затворило Собранието, клуч на врата се гасат светлата и демек да маршираме. За што, запраша Героски.

Парламентарни избори 2020