понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 118
home Вести

Героски: Не била возможна масовната операција околу „Рекет“ ако немало политичка поддршка

Героски: Не била возможна масовната операција околу „Рекет“ ако немало политичка поддршка

Бранко Героски при гостување на „24 Анализа“ посочи дека ако се зборува за политичка одговорност е едно, а за кривична одговорност е друго. Ако има директна инволвираност на политичари во делот на рекетирањето на компании во делот на изнуда, во делот на земање поткуп евентуално во делот на здружувањето злосторничко за да се остварат овие криминални активности тогаш тоа е работа на јавниот обвинител и тогаш ќе зборуваме за кривично – правна одговорност.

Се уште не би се согласил со делот на јавноста и новинарите, добро се докажа дека нема политичари кривично одговорни. Чекајте да почекаме да заврши истрагата и во оној дел каде што се зборува за рекетирање на бизнисмени за наводен проект за пензионерски домови при што се склучувани криминални договори и при што според моите сознанија има изјава на најмалку еден од бизнисмените кои биле жртва на таков рекет, кој даде исказ во ЈО и каде што се посочува евентуално кривична одговорност на една личност од високата македонска политика, појасни Героски.

Героски истакна дека не може да го именува, поради потребата за да се сочува интегритетот на истрагата и да не се фрлаат лажни обвиненија. Но тој би почекал бидејќи таа истрага не е завршена.

Во делот на политичка одговорност јас бев доволно гласен. Нема дилеми и тоа е познато на целата македонска јавност дека оваа група која склучувала штетни договори, криминални договори, ништовни договори во правна смисла и во крајна линија договори со кои се влечела огромна сума на пари, суми од случајот Пелистер – Битола 750.000 евра , Дримбилдинг – Струга од 260.000, значи зборуваме за милионски суми. Оваа група предводена од осомничениот Боки Јовановски, група предводена од „Меѓународен сојуз“ имала политичка поддршка, јавна промоција, поддршка преку меморандуми од разни општини. И на крајот на краиштата г. Александар Кирацовски го „ослободив“ дека директно рекетирал бидејќи немав такви докази и немам такво кажано, но де факто човекот учествувал во фасцилитирањето, овозможувањето, правел контакти. Средбата во Битола за ДУП-ви, за притисоци е организирана од Кирацовски, луѓе политичари учествувале во промоцијата, додаде Героски.

Героски рече дека не била возможна таа масовна операција околу „Рекет“ ако немало политичка поддршка.

Коронавирус