среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 185
home Вести

Героски најавува нови бомби во август за вистинските актери зад рекетарската афера- Кои се Раки, Секи, Џеки?

Героски најавува нови бомби во август за вистинските актери зад рекетарската афера- Кои се Раки, Секи, Џеки?

-До овој момент, немам информации дека Фрики и Кики, високи функционери во власта и во владејачката партија, одлучиле да преземат политичка одговорност за својата блискост со главниот актер на аферата за милионскиот рекет и да понудат соработка со јавниот обвинител. Ако го сториле тоа, нека ми простат за неинформираноста. Ако, пак, се оглушиле на мојот апел, ќе повторам – нивното одбивање да го сторат тоа објективно ја отежнува и ја забавува истрагата, пишува долгогодишниот новинар и уредник на порталот Плусинфо Бранко Героски во својата најнова колумна и додава:

„Наместо тоа, гледам, се покренува нова хајка против мене, со класични измислици и клевети (стари и нови), но и со обиди и од новинарско-етички аспект да се доведе во прашање мојот обид со серија написи да посведочам дека во Македонија е на дело страшен рекет, со инволвираност на СЈО, со злоупотреба на нелегално прислушувани материјали, како и со вмешаност на високи функционери од власта (не се само Кики и Фрики, има и други), а сето тоа во услови на една невидена новинарска омерта.“

Во продолжение дел од колумната на Бранко Героски:

Во ред, ако Заев не знае кои се Фрики и Кики, фацилитаторите на милионскиот рекет, ако СДСМ не сака да се „прочисти“ од ова страшно зло (како што вети во декларацијата), јас сум спремен да одам понатаму. Не, не, тоа „понатаму“ не е соопштување на имињата на Фрики и на Кики. Јас со нив завршив. Ги знаете сите, нема потреба да им давам можност да ме гњават со тужби. Не, другарки и другарчиња, сега ќе одиме на некст левел!

Што значи тоа?

Тоа значи дека ако во меѓувреме не се случи сериозна разврска, во август ќе ве забавувам со нова серија приказни, овој пат за заднината на милионскиот рекет. Белким не поверувавте дека онаа ботоксирана несреќа е главниот фраер во „бомбашкиот“ рекет, а не само беден извршител! Белким не помисливте дека поради една таква колосална будала се потресла целата влада и е активирана обвинителска артителија од највисок калибар. Белким не сте толку наивни за да се излажете дека поради тој рекетар е растурено целото СЈО, гордоста на Шарената револуција и најголемата американска политичка инвестиција во Македонија. И дека цената за тоа ќе ја плати само еден глупав аматер…

Целата колумна можете да ја прочитате на Плусинфо.

Коронавирус