четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 115
home Вести

Героски: На политичар што тужи новинар му се ближи крајот

Героски: На политичар што тужи новинар му се ближи крајот

На политичар што тужи новинар му се ближи крајот. Ова го напиша новинарот Бранко Героски на Фејсбук по најавените тужби од премиерот Заев, Димитров, Ременски и Шекеринска за новинарот кој објавил записник од Рекет.

– Ја повикувам јавната обвинителка да ја потврди веродостојноста на записникот, рече Заев вчера.

Обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска ја потврдува веродстојноста на фотографијата од објавената прва страница од записникот, во кој се наведуваат цитати од исказ на бизнисменот Орце Камчев, обвинет во случајот „Империја“, објавени вчера на дел од порталите.