недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 29
home Вести

Героски: Катица со просек 6,2 е ставена зашто таква им требаше, главната странска инвестиција во Македонија е Заев

Героски: Катица со просек 6,2 е ставена зашто таква им требаше, главната странска инвестиција во Македонија е Заев

Зошто токму Катица Јанева, анонимна обвинителка од Гевгелија, со академски просек 6,2, понижување за врвните правници во државата, беше избрана да застане на чело на Специјалното јавно обвинителство, зад кое стои меѓународната заедница? Зошто таа меѓународна заедница дозволи угледот да ѝ го загрози да ѝ се загрози медиокритет во правничките кругови, одговорот го има новинарот Бранко Героски, кој вчера вечерта гостуваше во „Јади бурек“ кај  Јанко Илковски и дебатира на темата „Рекет“.

-И мене не ми беше јасно зошто тој процес беше така воден, зашто јас и Катица и јас и Фатиме сме нетрпение на прв поглед. Запрашав еден поранешен политичар „Кај ја најдовте баш оваа Катица од некоја си Гевгелија со просек 6,2“. Тоа беше ден откако Катица тропаше во МВР „отвори, отвори“. И тој ме праша: Геро, ти да си специјален јавен обвинител, ќе отидеш да тропаш на врата во МВР и да викаш „отвори“? Му реков не сум будала, вели Героски.

Тој објасни дека мастермајндот, ликот што требало да ја води битката, сите најважни битки во Македонија, вклучувајќи ја и битката против криминалот не била Катица Јанева, туку Зоран Заев.

-Главната странска инвестиција во Македонија беше Зоран Заев. Можеме да разговараме колку е таа инвестиција добра, исплатлива, но од она со што се располагаше во тој момент, определбата беше таа, вели Героски.