вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 92
home Вести

Героски: Како Груевски не е политичар, кога е пратеник и од тоа живее, тоа му е професија!?

Героски: Како Груевски не е политичар, кога е пратеник и од тоа живее, тоа му е професија!?

Вие имате изјава, морам да ја потенцирам таа изјава, што мене ме шокираше денеска од Специјалната јавна обвинителка г-ѓа Катица Јанева, која коментирајќи го барањето за азил на Груевски, за политички азил вели „Груевски не е политичар“. Тоа е шокантна изјава, бидејќи човеков е во најмала рака политиката му е професијата, од тоа живее, тој е пратеник, појасни Героски при самото гостување на „24 Анализа“.

Да потсетиме, Катица Јанева при самото гостување на 1ТВ беше запрашана за коментар околу барањето за политички азил во Унгарија. И според неа, Груевски не може да бара политички азил, затоа што не е политичар!

-Па тоа не е политичар. Мислам дека е јасно дека господинот Груевски не е политичар, тој не е на висока функција, тој слободно се движеше низ Република Македонија. Дури и комуницираше со новинари и сите институции на нормален начин, нагласи Јанева

Коронавирус