понеделник, 23. септември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Героски: Хахаха, смешки се овие од СДСМ

Героски: Хахаха, смешки се овие од СДСМ

На социјалните мрежи продолжува исмевањето на изјавата на кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски, дека е следен од тајна служба која го сликала на јавен простор- паркинг каде не поминува обичен човек. Иако поминаа неколку дена од оваа изјава јавноста продолжува да се мајтапи со хаотичните изјави на власта поврзани со овој случај.

– У Прва полициска… Хахахахахах! Смешки се овие од СДСМ. Имаме изјава од МВР Стево да пријави во полиција. Тоа е смешно и глупаво. Кога претседателски кандидат пријавува дека е следен од разузнавачка служба, не се оди во Прва полициска да се пополни записник. Безбедносната структура на земјата – ако ја има, де – дејствува поинаку. Ова мене ми личи дека Оливер малку се зеза со Стевота- напиша Бранко Героски.

– Тајните служби им се сведоа на две неовластени снимки на твитер и на истрага кој дал твитер налог, според Спасовски.

Како со бегството на Груевски, тероризмот на ИСИС, како со утките со вакцините, најсериозните теми ги сведувате на некаква глупост. Со важни работи се заебавате, после спинови испаѓа ви праеле. Вие сами се спинувате- напиша Ивор Мицковски.