недела, 15. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Героски го прозва ОЈО да каже кој го следел или…

Героски го прозва ОЈО да каже кој го следел или…

Новинарот Бранко Героски, кој пред повеќе од еден месец пријавил физичко следење од страна на неовластено лице, сѐ уште не добил известување дали Јавното обвинитеоство постапувало по службената белешка изготвена од МВР и дали некој извршил било какви дејствија да се истражи случајот.

Героски, на фејсбук сподели „Отворен повик до ОЈО“ во кој бара најдоцна до среда, 20 ноември, до пладне, Јавното обвинителство да ја извести јавноста што се случува во врска со оваа службена белешка и дали по негов налог истражните органи го расветлуваат случајот.

„Доколку тоа не се случи, ќе бидам принуден, со напис на порталот Плусинфо, јас лично детално да ја информирам јавноста за настанот.
Нема заборавање, нема простување!
Значи, се читаме најдоцна в среда на пладне. Се надевам со официјална информација од ОЈО. А и без неа, секако се читаме.