четврток, 17. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Героски до Заев: Друже Заев, што си зборел со Боки Тредичи за Камчев?

Героски до Заев: Друже Заев, што си зборел со Боки Тредичи за Камчев?

По денешното објавено трето продолжение на весникот „Ла Верита“ за случајот „Рекет“, во кое на аудио снимката јасно се слуша дека Боки 13 се среќавал со премиерот Зоран Заев со реакција се јави и новинарот Бранко Героски кој што всушност со своите приказни прв го откри големиот скандал што ја тресе Македонија, па денеска во својот текст објавен на „Плусинфо“ дирекно го прашва Заев што зборел со Боки 13…

Целиот текст на новинарот Бранко Героски можете да го прочитате во продолжение:

Ајде сега храбро и транспарентно, друже Заев. Да слушнеме што е оваа работа со другарчето Боки. Македонија има право да знае!

Во третата серија разговори за аферата „Рекет“, што ги открива „Ла верита“, Боки Тредичи на Орце Камчев му кажува дека ќе се види со премиерот Зоран Заев и му дообјаснува:

„Знам јас што збори он, знам што сум зборел со него за тебе, што не знае никој“.

Бреееееј!

Ако добро разбирам – а не сфаќам како поинаку може да се разбере – сега осомничениот Бојан Јовановски вели дека зборувал со Заев за Орче Камчев нешто „што никој не знае“.

Освен тоа, Боки Тредичи на Камчев му вели:

„Една позитивна работа што јас не ја соопштувам сега. Менаџирањето околу Заев и целата таа игра. Јас таа конструкција веќе ја имам смислено, направено.“

Премиере Заев, за разлика од тебе – кој, , како што гледаме, еве фино друштво си фатил – јас ни со овој Боки, ни со Катица, ни со Камчев, а секако ни со тебе, не сум разговарал за никаква „конструкција“ или „менаџирање“ од ваков тип. Но љубопитен сум, како и целата македонска јавност.

Македонија има право да знае, друже Зоки, за што зборува другарчето Боки Тредичи. Тебе те спомнува.

Дали навистина сте разговарале за Камчев?

Што е тоа „што никој не знае“?

Каква е таа „конструкција“ и тоа „менаџирање“?

Колку пати сте се сретнале со Боки Тредичи?

Со какви овластувања сте разговарале за Камчев, ако воопшто сте разговарале на таа тема?

Дали со друг сте разговарале на оваа тема, ако сте разговарале? Со Катица, на пример?

Ајде сега, храбро и транспарентно, друже Заев. Да слушнеме што е оваа работа со Боки Тредичи.

И секако, да ве потсетам, само искрено, зборот си е збор, нели.

Оти Боки Тредичи на другарчињата од српски „Курир“ им кажал дека доказите се кај мајка му. Да не испадне после да се извинуваме до небо…