понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Героски до Пендаровски: Јас веќе нема да ти излегувам пред очи

Героски до Пендаровски: Јас веќе нема да ти излегувам пред очи

СДСМ доби тешка шлаканица и го плати цехот за двеиполгодишниот епски курч. Народот испрати јасна порака, но ретко кој од залудените од власта ќе ја разберат. Можеби ти, друже Стево, како самоизбрана жртва, ќе разбереш нешто, но нема да успееш ништо да промениш. Бидејќи сакаш да бидеш претседател, нели… И ќе бидеш, пријателе, не очајувај. ВМРО-ДПМНЕ ќе те донесе на власт. Никој друг!, ова во својата колумна за ПлусИнфо го пишува новинарот Бранко Геровски.

Друже Стево Пендаровски, по втор и до изборите последен пат, ти се обраќам директно. Првиот пат ти се обратив на 25 март, пред почетокот на кампањата, во колумна под наслов: „Стево, во Македонија Норт не е арно – имај го тоа на ум!“. Во таа колумна, ти порачав: „Те чека државничка и човечка мисија да ја помириш нацијата и да понудиш платформа за вистинска обнова на ова полураспаднато општество. Без тоа, ти, како иден шеф на оваа држава, нема да бидеш многу повеќе од шеф сале, од дупнат ауспух на твоето претседателско југо“.

Денеска, 22 април, ден по мачната постизборна ноќ, ти пишувам повторно, за да ти потврдам дека јас веќе нема да ти излегувам пред очи. Ако се сеќаваш, во кампањата, на митинг во Карпош, ако не се лажам, ти на граѓаните им порача: „Не ми излегувајте пред очи ако не победам!“ Во Карпош ти победи, победи и во мојата општина Центар, ама изгуби во Скопје, во Битола, во Штип, во Велес, во Охрид… И да не затерам и јас како Влатче Ѓорчев, ќе скратам и ќе ти кажам дека јас таа работа со неизлегувањето пред очи ја разбрав лично и буквално. Не е таа порака баш во духот на мисијата што јас ти ја определив, но ако ти така сакаш, еве јас ќе дадам пример и ќе ја испочитувам твојата желба – до петок ќе си опстојам на зборот, потоа ќе го фрлам сидрото во Македонија (да те повлече напред), па ќе ме снема некое време.

Додуша, ќе признаеш, факт е дека и досега јас ретко ти излегував пред очи. Освен ако ти не си имал попаметна работа, па си читал мои колумни, или си следел некои од моите телевизиски настапи. А како што имав прилика да се осведочам од досегашниот тек на кампањата, ако се случило такво нешто, ако си ме читал значи, џабе си арчел време, пријателе.

Целата колумна прочитајте ја ТУКА.

 

Коронавирус