вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Героски: Дали ОЈО за истрагите ги известува државните институции кои се ПОД ПРЕМИЕРОТ?

Героски: Дали ОЈО за истрагите ги известува државните институции кои се ПОД ПРЕМИЕРОТ?

По изјавата на премиерот Зоран Заев се огласи новинарот Бранко Героски.

-Чек, чек, чек… Ова е многу важно, ова е клучна информација за ОЈО во врска со кривичната пријава на Вера Иванова против Дончев и другите.
Заев вели: “Кога јавно обвинителство СЕ ОБРАЌА до државните институции кои се ПОД ПРЕМИЕРОТ, како Фондот за здравство и министерство, ние ЗНАЕМЕ ДЕКА СЕ ВОДИ ИСТРАГА и логично е, чесно е, одговорно е, пред било кој инвеститор, па и ваков познат Диаверум од Шведска, да ги знае ИНФОРМАЦИИТЕ…”
Што заклучиваме од ова?
Да почнеме од крајот. Владата добила ИНФОРМАЦИИ од ОЈО за истрага-предистрага, а таа информацииите ги доставила до трет субјект. Кој закон дозволува вакво лиферување информации? Ниту еден! Обратно, има закон кој тоа изричито го забранува.
Владата знаела дека се води истрага, бидејќи ОЈО ја известило. Тоа е вообичаено? Дали ОЈО за истрагите ги известува државните институции кои се ПОД ПРЕМИЕРОТ?
Дополнително прашање: Како тоа Фондот за здравство е ПОД ПРЕМИЕРОТ?
I rest my case. Засега…