недела, 19. мај 2019. Вести денес: 67
home Вести

Героски бара оставка од Богоевски: Не со тие куршуми, другар Павле

Героски бара оставка од Богоевски: Не со тие куршуми, другар Павле

Новинарот Бранко Героски му порача на Павле Богоевски дека треба итно, без одлагање да си поднесе оставка, по скандалозното обелоденување дека набавувал дрога.

Статусот на Героски го пренесуваме во целост:

„А не, не со тие куршуми, другар Павле…
Ти самиот јавно призна дека нелегално си набавил психотропна супстанца, масло од канабис. Не со рецепт, не во аптека. Тоа не е дозволено и од тебе се очекува да го кажеш името на трговецот. Најмалку тоа.
За политичката одгововорност не сакам ни да те потсетувам – во земја која ја легализираше медицинската употреба на канабисот, човек што носи голема општествена одговрност како пратеник избран од народот, знае што треба да стори. Уште вечерва. Без одлагање.
Што се однесува до снимањето, точно е дека тој што те снимал сторил кривично дело и дека нелегално прибавената снимка не може да биде доказ во некоја идна кривична постапка. Но, твоето јавно признание е легален доказ. На полицијата и на обвинителот им отвори работа.
Какви и да ти биле намерите (најблагордни дури нека биле), се обрука, другар Павле. Пред сите што гласаа за тебе и за листата на која беше избран. Срам да ти е“-порача Героски!