среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 143
home Вести

Героски: Апсењето на Груевски беше една обична театарска игра организирана од власта

Героски: Апсењето на Груевски беше една обична театарска игра организирана од власта

Новинарот Бранко Героски кој важи за еден од најистакнатите новинарски пера на власта и важи за близок до Зоран Заев, жестоко ја критикуваше власта поради бегството на Никола Груевски во Унгарија. Тој во своето гостување во емисијата 24 Анализа на телевизија 24 истакна дека е разочаран од неуспехот на власта за апсење на екс-премиерот. Имено Героски говорејќи за настаните кои претходеа на изјавата на Груевски дека тој е во Будимпешта посочи дека е многу непопуларно полициски службеници да прават своевидна опсада на седиштето на една политичка партија, и дека е своевиден преседан во Европа.

Говорејќи за неуспешниот обид на МВР и Спасовски да го уапсат Груевски тој посочи дека му е жал што полициските службеници, алфите и други единици на МВР биле дел од една театарска игра организирана од власта.

-Жал ми е за сите политички службеници кои беа дел од една театарска игра, вели Героски.

Коронавирус