четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 43
home Вести

Героски: АФЕРА „РЕКЕТ“ Можно ли е Спец Катица да е уценета?!

Героски: АФЕРА „РЕКЕТ“ Можно ли е Спец Катица да е уценета?!

Плата од 3.500 евра месечно, бонуси од 157.000 евра за четири години, спец-каса во СЈО, а згора и рекетирање, хип-хоп 50.000 евра (ако се само толку) и што ли уште не – па после некој сака да веруваме дека некоја таинствена сила работела на дискредитирање на СЈО и на уривање на Зоран Заев? Се пие ли таа скиселена боза, аман?

Пред некој ден, еден мој драг колега, во колумна, ја промовираше старата, веќе подзаборавена теза дека целта на „планирањето и внимателната изведба“ на аферата „Рекет“ била двојна: „дискредитирање и уривање на СЈО, а потоа и пад на Зоран Заев од власт“. Интересно е дека истиот ден кога беше обjавена таа колумна, во една пригода, седнат на маса со некои важни луѓе, ја слушнав баш истата теза. Случајно?

Бидејќи јас сум „суетниот новинар“ којшто прв ја откри аферата „Рекет“ – а сум сосема сигурен дека немав намера да ги урнам ни СЈО ни Зоран Заев – после тој текст на колегата, почнав сериозно да размислувам што треба да значи обновувањето на старата теза, баш сега, пред почетокот на судењата за „Рекет“ и непосредно пред изборите. Ја препрочитав колумната повнимателно и мислам дека го најдов вистинскиот одговор.

Зошто би молчела Катица?

Имено, на крајот од колумната, колегата јавно „депонира“ една молба до лицата задолжени за чување на архивите во Обвинителството, да се погрижеле „миракулно“ да не исчезнело четиричасовното сведочење на Јанева, во присуство и на адвокатот Стеван Павлески, дадено пред обвинителите, дента пред да биде уапсена. „Ќе ни треба тој запис, за еден ден, кога ќе се прави реконструкција на целиот овој скандал, да сфатиме зошто, всушност, е направена целата оваа операција и кој каква улога играл во неа“, пишува колегата. Дополнително, тој загадочно најавува: „Не верувам дека тој богат исказ на обвинетата Катица ќе го чуеме и во судницата“.

Хммм… Интересно, нели? Зошто тој богат исказ не би го чуле во судницата? Дали тоа зналчи дека Катица ќе биде наградена, принудена, евентуално дури и уценета, нешто да скрие од јавноста и некого да заштити? Зошто не би го кажала она што веќе го кажала во својот првичен исказ пред апсењето?

Оваа интригантна најава ме потсети на еден скорешен пост на пратеникот Антонио Милошоски (учесник во неуспешните преговори за новиот закон за Јавното обвинителство), во кој тој зборува за односите меѓу Зоран Заев и Катица Јанева. Нормално, Милошоски е опозиционер и за очекување беше да го каже следното: „…Очигледно е дека премиерот во заминување е главниот координатор на одбраната на обвинетите во мега-скандалот ‘Рекет’, што отвора сомнеж дека во оваа криминална афера и Заев бил дел од групата државни функционери која ги давала насоките за дејствување на тројцата обвинети рекетари, со цел таа група противправно да се здобие со лична имотна корист, да обезбеди спонзорство во кеш за партијата, како и нелегално да финансира медиум“.

Она што за Милошоски е очиледно, за мене сѐ уште не е. Ова искрено го кажав и во еден од моите телевизиски настапи, односно нагласив дека немам сознанија за кривична одговорност на Зоран Заев и на Радмила Шеќеринска за аферата „Рекет“, но додадов дека тие имаат неспорна и директна политичка одговорност за скандалот. Сепак, после новиве наводи што ги читаме, се чини дека без било какво прејудицирање, прашањето за евентуалната подиректна повраност на Заев со групата осомничена за „Рекет“ треба да го држиме отворено. Одговори немаме, но прашањето, како и тепсијата, стоо…

Повеќе прочитајте на Плусинфо

Коронавирус